Со спојувањето, Александар Нацев, чија агенција „Рубикон“ го обезбедувала т.н. кабаре „Пулс”, и официјално е 35. обвинето физичко лице во постапката. Инаку, обвинението против Нацев беше поднесено подоцна и се оценуваше посебно
Судот и формално одлучи да го спои обвинението против сопствениот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев, со обвинението за главниот предмет за „Пулс“.

Со спојувањето, Нацев, чија агенција го обезбедувала т.н. кабаре „Пулс“, и официјално е 35. обвинето физичко лице во постапката. Инаку, обвинението против Нацев беше поднесено подоцна и се оценуваше посебно.
Спојувањето на обвинението против сопственикот на „Рубикон“ со главниот предмет, како што кажа судијката Диана Груевска-Илиевска на денешното прво рочиште, е поради економичност на судската постапка.
Покрај 35-те физички лица, за пожарот во Кочани се обвинети и три фирми.
Александар Нацев е присутен на денешното рочиште заедно со останатите 34 обвинети.
Утринава во 9:30 часот во големата дигитализирана судница при Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје започна судскиот процес за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани. Големиот пожар изби пред осум месеци, на 16 март, кога загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
