На последната седница на Здружението одржана вчера е заклучено договорените измени за зголемување на коефициентот за пресметка на платите на судиите од најмалку 15 отсто да се усвојат од страна на Владата во најкраток можен рок, но не подоцна од две недели, како и Собранието да ги донесе измените на Законот за платите на судиите во најкраток можен рок, но не подоцна од 30 јуни 2022 година
Управниот одбор на Здружението на судиите бара целосно исполнување на барањата дефинирани во Стратегијата и Предлог-активностите за реализација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите по сите 6 точки, доставени до Министерството за правда и надлежните судски институции.
На последната седница на Здружението одржана вчера е заклучено договорените измени за зголемување на коефициентот за пресметка на платите на судиите од најмалку 15 отсто да се усвојат од страна на Владата во најкраток можен рок, но не подоцна од две недели, како и Собранието да ги донесе измените на Законот за платите на судиите во најкраток можен рок, но не подоцна од 30 јуни 2022 година.
Доколку не се случи тоа, Управниот одбор донесе одлука за одржување на предупредувачки протест на 28 април кој ќе трае од 11:00 до 11:30 часот, велат од Здружението.
