Сепак, се додава дека заштитата од овие вакцини исчезнува во рок од три до шест месеци
Две антиковид вакцини го намалуваат ризикот од хоспитализација или смрт предизвикана од сојот омикрон до 84 проценти, додека бустер дозата ја намалува за 50 отсто можноста за заразување, покажуваат официјалните проценки од Велика Британија.
Истражувањето на британската владина научна советодавна група за итни случаи, (SAGE) објавен викендов, заклучи дека две дози на „Фајзер“ обезбедуваат 83,7 отсто заштита од хоспитализација или смрт од најмногу мутации досега, објави „Дејли мејл“.
Во исто време, се проценува дека две дози на „Астра зенека“ го намалуваат ризикот од сериозни болести за 77,1 отсто.
Сепак, се додава дека заштитата од овие вакцини исчезнува во рок од три до шест месеци.
Се проценува дека примањето на засилувачка доза на „Фајзер“ ја зголемува заштитата до 93 проценти, без оглед на тоа кои први две дози се дадени, што е приближно иста заштита како да се даваат две дози „Фајзер“ против делта-сојот, се додава во студијата.
Проценките се направени од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина (LSHTM) и се засноваат на лабораториски студии за антитела.
Според овој модел, постои опасност сојот на омикрон да резултира со повеќе хоспитализации отколку што имаше Англија за време на бранот минатиот јануари, кога до 4 000 заразени пациенти дневно беа примани во болниците.