Детектираните нивоа на имуноглобулин G (IgG), најчестото антитело во крвта, се откриени кај 57 проценти од новороденчињата на вакцинирани бремени жени и само осум проценти од имуноглобулин G кај доенчиња на невакцинирани трудници кои се заразиле со коронавирус за време на бременоста
Шестмесечните бебиња на мајки вакцинирани против ковид-19 за време на нивната бременост имаат поголема веројатност да развијат антитела на коронавирус во нивната крв, отколку бебињата на невакцинирани мајки кои биле заразени со вирусот за време на бременоста, покажа помала студија.
Резултатите од истражувањето беа објавени од научниците претходно оваа недела во списанието JAMA.
Во неа се вели дека имало 28 шестмесечни бебиња од мајки кои примиле две дози mRNA вакцина во периодот од дваесеттата до триесет и втората недела од бременоста, кога преносот на антителата на фетусот преку плацентата е највисок и 12 бебиња на иста возраст чии мајки биле само заразени со коронавирус.
Детектираните нивоа на имуноглобулин G (IgG), најчестото антитело во крвта, се откриени кај 57 проценти од новороденчињата на вакцинирани бремени жени и само осум проценти од имуноглобулин G кај доенчиња на невакцинирани трудници кои се заразиле со коронавирус за време на бременоста.
Не е јасно колку антитела се потребни за да се заштити поединецот од инфекција, а антителата не се единствениот одбранбен механизам на телото.
„Сепак, многу заинтересирани за овие податоци, од родители до педијатри, би сакале да знаат колку долго остануваат антителата од мајката кај доенчињата по вакцинацијата на бремените жени. Сега имаме делумен одговор. Се надеваме дека овие сознанија ќе бидат дополнителен поттик за бремените жени да се вакцинираат“,
рече д-р Андреа Едлоу од Општата болница во Масачусетс во Бостон.