Според студентите и нивните поддржувачи, уривањето на Генералштабот би значело рушење на правото на народот да се сеќава, бришење на историјата и понижување на секој граѓанин на Србија. На протестот упатија неколку барања, како укинување на т.н. lex specialis, враќање на статусот на Генералштабот за споменик од културно значење
Студентите во блокадата организираа протест пред зградата на Генералштабот во Белград, противејќи се на неодамна усвоениот lex specialis, кој овозможува уривање на овој објект.

Протестот почна денеска пред 11 часот, а студентите во блокадата и граѓаните што ги поддржуваат доаѓаа од четири различни насоки. Едната група доаѓаше од Земунскиот факултет, втората од Ветеринарниот факултет, додека третата и четвртата група доаѓаа од Плоштадот на Републиката.
Насобраните носеа голем транспарент на кој пишуваше: „Не се откажуваме од Генералштабот“.
Протестот следува само неколку дена откако народното собрание усвои lex specialis кој предвидува ревитализација на центарот на Белград меѓу улиците „Бирчанинова“, „Ресавска“, „Масарикова“ и „Кнез Милош“, каде што се наоѓа и зградата на Генералштабот.
Со тоа ќе биде можно да се урне зградата на Генералштабот, но не се предвидува што би можело да се гради на оваа локација.
Сепак, се вели дека на ова место сигурно ќе биде изградено спомен-обележје, односно спомен-соба посветена на жртвите од бомбардирањето на НАТО во 1999 година.
За време на седницата на српскиот парламент, можеше да слушне дека на оваа локација ќе биде изграден луксузен хотел.
Студентите во блокадата, како и професионалните научни здруженија, со ова изразија протест против таквата намера на властите.
Според студентите и нивните поддржувачи, уривањето на Генералштабот би значело рушење на правото на народот да се сеќава, бришење на историјата и понижување на секој граѓанин на Србија.
Предупредија дека нема мирно да го гледаат неговото рушење, газењето на законот и на Уставот.
На протестот упатија неколку барања, како укинување на т.н. lex specialis, враќање на статусот на Генералштабот за споменик од културно значење.
