Насобраните положија цвеќе и запалија свеќи. Им се придружи и македонскит амбасадор во Белград, Никола Тупанчевски
Студенти и граѓани денеска пред Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград со 75-минутен молк одадоа почит за загинатите во пожарот дискотеката во Кочани, како и за настраданите на Железничката станица во Нови Сад, пренесува спрски Н1.

Насобраните положија цвеќе и запалија свеќи. Им се придружи и македонскит амбасадор во Белград, Никола Тупанчевски.
За време на собирот, улицата каде се наоѓа Амбасадата во Беград, беше блокирана.
Студентите на Факултетот за медиуми и комуникации синоќа преку својот Инстаграм профил ги повикаа граѓаните да им се придружат во 15-минутниот молк, при што ќе додадат минута за секоја жртва од Кочани.
Во знак на сочувство со семејставата на настраданите во трагедијата во Кочани и солидарност со земјава, денеска е Ден на жалост во Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. Вчера по повод трагедијата ден на жалост беше во Црна Гора.