Насобраните со 15-минутно молчење им оддадоа почит на загинатите во железничката несреќа во Нови Сад, а потоа му дадоа „подарок“ на директорот на РТС, Драган Бујошевиќ – голем сендвич со 71 свеќа
Голем број граѓани и студенти вечерва се собраа пред зградата на Радио-телевизија Србија во Белград на протест под слоганот „Наше право е да знаеме сѐ“, затоа што сметаат дека известувањето на јавниот сервис не е објективно.
Насобраните со 15-минутно молчење им оддадоа почит на загинатите во железничката несреќа во Нови Сад, а потоа му дадоа „подарок“ на директорот на РТС, Драган Бујошевиќ – голем сендвич со 71 свеќа.

Претходно денеска полицијата ја исфрли опозицијата од Градското собрание во Нови Сад, а за време на блокадите имаше неколку инциденти, каде дури и беше изваден нож врз студентите.
Во текот на денот студентите се собраа на Студентскиот плоштад.
За време на протестот, насобраните свиреа и правеа врева.
Tišina koja odjekuje #NeDajNaStudente pic.twitter.com/MwrDKl8lBg
— CRTA (@CRTArs) January 17, 2025
Студентските групи продолжуваат со блокадата на факултетите, тврдејќи дека нивните барања не се исполнети, а претставници на власта постојано нагласуваат дека барањата на студентите кои протестираат се исполнети.
Вчера во Белград се случи инцидент во кој 20-годишна студентка се здоби со тешки повреди откако кон неа влета автомобил за време на протестната блокада во центарот на главниот град на Србија.