Српските медиуми пренесуваат дека додека траат блокадите на судската зграда, утринава е уапсен опозицискиот член на Движењето за слободни граѓани во парламентот на Војводина, Радивој Јововиќ

Граѓани се собрани пред зградата на Основниот суд во Нови Сад на повик на студентите во блокадата и бараат итно ослободување, како што тврдат, на сите оние што се приведени без докази за учество во антивладини протести, а против кои беа поднесени кривични и прекршочни пријави, меѓу кои и за напад врз службено лице, насилничко однесување, нарушување на јавниот ред и мир и дури и за обид за тешко убиство.
Во судот и на задниот службен влез, полицијата е присутна во опрема за разбивање на демонстрации, а кратко по почетокот на протестот, пристигнале поголем број полицајци.
Novi Sad… tužilaštvo pod blokadom. 👇👇👇“ pic.twitter.com/9F6urxSBl4
— Marija🇷🇸 (@Marija740) August 19, 2025
Повеќе од десетина припадници на интервентната единица на полицијата се стационирани на еден од страничните влезови и повремено пуштаа дел од вработените да поминат.
Претходно, тие ги потиснаа дел од демонстрантите кои стоеја на тој влез.
Kako počinju jutra u Srbiji.
— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 ▶︎ (@FermanTwitt) August 19, 2025
Novi Sad ispred suda.pic.twitter.com/7VlAsvCWRJ
Српските медиуми пренесуваат дека додека траат блокадите на судската зграда, утринава е уапсен опозицискиот член на Движењето за слободни граѓани во парламентот на Војводина, Радивој Јововиќ.
Јововиќ, како што пишува регионалсниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), е приведен пред еден од страничните влезови на судската зграда.
„Пратеникот Јововиќ претходно го спречи обвинителот Слободан Јосимовиќ да влезе во судската зграда. Станува збор за обвинителот ангажиран во случајот со падот на натстрешницата на железничката станица, кој го води Вишото јавно обвинителство во Нови Сад“,
се додава во написот на РСЕ.
Според студентите, на 12 нивни колеги им е изречен притвор до 30 дена. Шестмина се товарат за обид за тешко убиство поради наводен напад врз припадници на специјалната единица на воената полиција „Кобра“ за време на протестите минатата недела. Петмина се во затвор во Клиси, а еден е во домашен притвор со електронски надзор поради влошена здравствена состојба.
Протестите пред судот започнаа вчера и завчера, по што беше донесена одлука денеска да се почне со блокада. Студентите кои повикаа на протестот најавија дека блокадата ќе продолжи сè додека не бидат ослободени сите приведени демонстранти.
Во текот на изминатата недела, во Србија секојдневно се организираа антивладини протести, за време на кои избувнаа инциденти – судири меѓу демонстрантите и поддржувачите на владата, како и со полицијата.
Во Србија, антивладините протести траат повеќе од девет месеци, предводени од студенти во блокадата кои, пред сè, бараат кривична и политичка одговорност за смртта на 16 лица при падот на натстрешницата на железничката станица во тој град.