Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер, а максималната температурата ќе достигне 9 степени
Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималните измерени температури се движат од -11 до -4, додека максималните температури ќе бидат во интервал од 4 до 11 Целзиусови степени.
И во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер, а максималната температурата ќе достигне 9 степени.

До среда ќе продолжи периодот на стабилно и суво време, во најголемиот дел од земјата со негативни утрински температури. Од среда и во деновите потоа времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и снег.