„Полицијата кај осомничениот пронашла автоматска пушка со дрвен кундак и рамка со 14 куршуми за автоматско оружје. Освен тоа, на пушката ги фалсификувал ознаките со бришење и уништување на фабричкиот број на оружјето“, информираат од ОЈО Струга
Осомничен е 28-годишник што во својот дом во струшкото село Ложани неовластено држел оружје и муниција, информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга, од каде што е дадена наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи, како и фалсификување огнено оружје.
„Полицијата кај осомничениот пронашла автоматска пушка со дрвен кундак и рамка со 14 куршуми за автоматско оружје. Освен тоа, на пушката ги фалсификувал ознаките со бришење и уништување на фабричкиот број на оружјето“,
велат од ОЈО Струга.
Доставен е и предлог за определување мерка притвор поради постоење на опасност од бегство и можност да влијае врз сведоците.