Покрај богатата музичка програма, на фестивалот ќе биде понудена и еногастрономска програма, а на саемот ќе бидат и штандовите на малите произведувачи и земјоделци со органски производи
На музичкиот дел од фестивалот ќе настапат имиња од светската и регионалната музичка сцена – Дебора де Лука, Махмут Орхан, Сенида и Кристијан Молнар. Поддршката од домашната сцена пристигнува со настапите на Дина Јашари и другари, 21 век и диџеите Гоце САФ и Чваре (Фанки фреш)
Во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, Струмица вечерва ќе биде домаќин на регионалниот фестивал на храна и вино кој се одржува во соработка со организацијата „Егзит“ во чии рамки е и веќе најавениот музички настан „Get EXITed“.
Од Владата информираат дека покрај богатата музичка програма, на фестивалот ќе биде понудена и еногастрономска програма, а на саемот ќе бидат и штандовите на малите произведувачи и земјоделци со органски производи.
„Регионалниот фестивал на храна и вино во Струмица, кој се реализира во рамките на иницијативата ‘Отворен Балкан’, претставува одлична можност за уживање во сортните македонски вина, автентичната македонска храна и светските музички ноти“,
велат од Владата.
Фестивалот ќе се одржи во Градскиот парк во Струмица и ќе биде отворен за сите посетители.
На музичкиот дел од фестивалот ќе настапат имиња од светската и регионалната музичка сцена – Дебора де Лука, Махмут Орхан, Сенида и Кристијан Молнар. Поддршката од домашната сцена пристигнува со настапите на Дина Јашари и другари, 21 век и диџеите Гоце САФ и Чваре (Фанки фреш).