Основното јавно обвинителство во Струга побара парични казни за 8 лица од 500 до 3 000 евра во зависност од имотната состојба бидејќи не ја почитувале забраната за движење и со тоа сториле кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик.
За управител на угостителски објект, кој работел и покрај забраната од 14 март 2020 година, Обвинителството бара парична казна од 2 000 евра, и 5 000 евра за правниот субјект, за кривично дело исто така според член 206 став од КЗ.
