Од две авионски компании соопштија дека во текот на неделата е регистриран пораст на бројот на заразени низ САД, што влијаело и на персоналот и затоа мора да ги откажат летовите
Американските авиокомпании „Јунајтед ерлајнс“ и „Делта ерлајнс“ објавија дека откажале десетици летови за време на божиќните празници, поради ширењет на омикрон сојот меѓу персоналот.
„Јунајтед ерлајнс“ ги откажа 120-те летови планирани за денеска, а „Делта“ околу 90. Двете компании соопштија дека ги известиле патниците за да не останат блокирани на аеродромите.
Во соопштението на „Јунајтед ерлајнс“ се наведува дека во текот на неделата е регистриран пораст на бројот на заразени низ САД, што влијаело и на персоналот и затоа мора да ги откажат летовите.
Од „Делта“ истакнуваат дека пред откажувањето на летовите ги разгледале сите други опции и ресурси, вклучително и пренасочување на летовите и замена на авиони и персонал за покривање на летовите.