Во градот на истокот од Кина, Јиву, здравствените власти ја понудија вакцината против коронавирусот и на пошироката јавноста, иако сè уште не се завршени клиничките испитувања.
Стотици луѓе чекаат во редици пред болницата во Јиву за да ја примаат вакцината за која треба да платат околу 60 американски долари, пренесува „Би-би-си“.

Како што јавува репортерот на „Би-би-си“, редиците се формирале неколку часа пред болницата да започне со работа, а меѓу присутните има и цели фамилии. Ова не е дел од клиничко испитувања на вакцината, туку секој кој сака може да дојде, да плати и да застане во ред за вакцина.
