Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди дека сојузниците на Украина мора да се подготват за тешка и исцрпувачка војна.
„Мораме да бидеме подготвени за војна на долг рок. Бидејќи она што го гледаме е дека оваа војна сега стана исцрпувачка војна“,
изјави Столтенберг по средбата со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа.
Тој додаде дека и војната во Украина на крај ќе заврши на преговарачка маса.
„Но, знаеме дека тоа што се случува на преговарачката маса е тесно поврзано со ситуацијата на теренот, на бојното поле“,
посочи Столтенберг.