На 20-годишнината од нападите на 11 септември 2001 година во САД, знамињата на сојузниците од НАТО беа спуштени на половина копје
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг им оддаде почит на жртвите од нападите на 11 септември во САД, нагласувајќи дека Алијансата ќе продолжи да се спротивставува на заканата од глобалниот тероризам, јави ДПА.
„Борбата против тероризмот ќе продолжи и НАТО ќе продолжи да ја игра својата улога“,
вети Столтенбер, на церемонијата во седиштето на НАТО во Брисел, нагласувајќи дека ова е единственото место каде што Европа и Северна Америка секојдневно работат за нивната заедничка безбедност.
На 20-годишнината од нападите на 11 септември 2001 година во САД, знамињата на сојузниците беа спуштени на половина копје, во чест на речиси 3 000 луѓе убиени во нападот на Ал Каеда. САД и нивните сојузници влегоа во Авганистан кратко време по нападите, соборувајќи ја талибанската влада.

Радикалната исламистичка група ја врати власта минатиот месец, потсетува ДПА.