Генералниот секретар на НАТО рече дека поради санкциите Европа ја очекува тешка зима
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека е неопходно да се продолжи со давањето помош за Украина, но дека ќе биде тешко и дека Европа ќе плати цена за поддршката на Киев.
„Она што го гледаме е поддршка без преседан од европските сојузници во НАТО, Германија, Канада, САД и многу други земји ширум светот. Учествував на форумот на Кримската платформа на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и пораката што ја испратија сите лидери е јасна: стоиме зад Украина и ќе ја поддржуваме таа земја сè додека е потребно. Тоа е пораката на сојузниците во НАТО“,
изјави Столтенберг за германската телевизија ЗДФ.
Тој нагласи дека обезбедувањето воена помош за Киев не е лесно.

„Не велам дека е лесно. Потребна е напорна работа. Посветен сум на работа со другите лидери на Алијансата во Европа и Северна Америка за да се обезбеди континуирана поддршка“,
рече Столтенберг.
Тој нагласи дека поддршката на Германија е значајна и изрази надеж дека германската влада ќе направи повеќе.
Генералниот секретар на Алијансата предупреди дека следната зима ќе биде тешка.
„Ќе платиме цена за нашата поддршка за Украина како резултат на санкциите. Русија, се разбира, ја користи енергијата како оружје. Но, мораме да разбереме дека нема алтернатива за нашата поддршка“,
рече Столтенберг.