Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, кој е поранешен премиер и министер за финансии, се наоѓа на листата од 22 кандидата за гувернер
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, чиј мандат истекува во 2022 година, е кандидат за гувернер на Централната банка на Норвешка, соопшти денеска норвешкото Министерство за финансии.
Столтенберг кој е поранешен премиер и министер за финансии, има диплома по економија и се наоѓа на листата од 22 кандидата за гувернер.
„Министерството за финансии ме контактираше во ноември да ме праша дали би размислил да аплицирам за позицијата. Го направив тоа бидејќи многу ме мотивира“,
истакна 62-годишниот Столтенберг.
Централната банка на Норвешка одлучува за монетарната политика на земјата и го надгледува огромниот државен фонд на земјата, кој се смета за најголем во светот. Мандатот на гувернерот трае шест години.