Стојановиќ се надева оти истрагата ќе покаже дека копањето на тунелот не е направено за еден месец туку дека сигурно е направено во подолг период, а и доказите кои ги виделе на самото место укажувале на тоа
Многу мала е покриеноста со затворска полиција и таму нема караула каде што има постојано затворски полицаец за да го надгледува тој дел на затворот. Слабата екипираност покажува дека не секогаш и во секое време има затворски полицаец во тој реон, вели Стојановиќ

Простор за сомневање има за пропусти во тековното функционирање и работење на КП „Идризово“ меѓутоа очекувам дека истрагата ќе даде подетални изгледи за тоа кој бил можел тоа да го прави и дали има инволвираност на вработени од затворот, вели Јовица Стојановиќ, в.д директор на Управата за извршување санкции во вечерашното гостување на ТВ Телма. Оваа изјава на Стојановиќ доаѓа по случајот кога лица осудени на високи затворски казни планирале организирано бегство и ископале тунел долг четириесет метри, на длабочина од околу еден метар и широк околу 80 сантиметри во дијаметар.
„До конечно излегување на слобода на тие што го планирале тоа останале уште 32 метри што значи дека не излегле надвор од периметарот на ѕидот. Спрема поставеноста и структурата на тоа што видено на терен евидентно е дека тоа е работено подолго време. МВР излезе со бројка од осум осудени лица што се сомневаат дека учествувале во таа работа. Ние се уште немаме сознанија кој бил дел од тоа и претпоставувам дека ќе имаме тесна координација и со Обвинителството и со органите на прогонот за да најдеме кој и како тоа го има направено“,
вели Стојановиќ.
На прашањето дали ваква акција може да се изведе без помош од затворските службеници, Стојановиќ објасни дека познавајќи ја структурата и поставеноста на Казнено-поправниот дом „Идризово“, посебно затворениот дел, затворениците се оставале за во делот каде биле просториите за оставање на јаглен, да прават простор за одмор при шетањето кое трае два часа во текот на денот.
„Веројатно тоа им дало идеја и простор и можност да неприметно изведуваат можеби такви работи. Меѓутоа несомнено е, моето искуство говори, дека за да се влезе во таков тунел во должина од 40 метри треба време, повеќе од два часа, што отворено остава сомнеж дека одредни осудени лица биле подолго време надвор од зградата отколку што им е дозволено согласно законот“,
рече Стојановиќ.

Во однос на количината на земја која е извадена при копањето на тунелот и како таа е распоредена низ затворескиот двор, Стојановиќ се надева дека истрагата ќе покаже дека тоа не е направено за еден месец туку дека сигурно е направено во подолг период, а и доказите кои ги виделе на самото место укажувале на тоа.
„Приближно 12 трактори би биле потребни за да се изнесе таа земја од затворот. Од она што како сознанија има дека земјата била вметнувана во ќеси со ѓубре во близина на местото каде се наоѓа тунелот е и централното собирање на ѓубрето од затворениот дел на КПД ‘Идризово’ и каде доаѓа ѓубретарка на одреден период да го собере и претпоставувам дека на таков начин добар дел од таа количина е исфрлена“,
додаде тој.
Според него во тој дел на затворскиот систем нема некој друг да се движи освен осудениците.
„Многу мала е покриеноста со затворска полиција затоа што во 2020 година беше завршен новиот ѕид околу периметарот на затвореното одделение и само ова е останато кај главната капија и таму нема караула каде што има постојано затворски полицаец за да го надгледува тој дел на затворот. Слабата екипираност покажува дека не секогаш и во секое време има затворски полицаец во тој реон“,
додаде Стојановиќ.
Според него на гугл мапс може да се види и да се објасни како е тој дел надвор од движењето на целокупното живеење внатре во установата и дека тоа доаѓа во позадина на амбулантата и централната зграда.
„Сигурноста е што се затворени со ѕидот и не можат да излезат надвор“,
рече Стојановиќ на прашањето дека тоа е дел на затворениците и нема што да се контролира од затворската полиција.