„Да седнат да се договорат за една изборна единица, да седнат да се договорат за модел на финансирање, да седнат да се договорат за поплаките и начинот на кој тие би биле прифатливи, и да седнат и меѓу себе да се договорат дури и за моделот на изјаснување на дијаспората. Сето тоа што овие опозициски партии ќе го понудат до нас преку еден пречистен текст на закон, ние тоа ќе го прифатиме“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски

Пратеникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, по средбата помеѓу политичките партии во Собранието, на која се разговараше за новиот Изборен законик, изјави дека сè што ќе договорат СДСМ, Левица, ДУИ и другите помали опозициски партии, а се однесува различни аспекти – една изборна единица, модел на финансирање, начин на прифаќање на поплаките и модел на изјаснување на дијаспората – тие ќе прифатат, сè додека биде прифатен нивниот став – дијаспората да може да го искористи уставно загарантираното право и да може да гласа.
„Ние понудивме вака – да седнат политичките партии што се дел од опозицијата, тоа се ДУИ, СДСМ, Левица, како и некои помали политички партии, и меѓу себе да се договорат за сите различности што ги имаат, отприлика четири клучни работи, бидејќи гледаме дека платформите им се исти, но се разликуваат во деталите. Да седнат да се договорат за една изборна единица, да седнат да се договорат за модел на финансирање, да седнат да се договорат за поплаките и начинот на кој тие би биле прифатливи, и да седнат и меѓу себе да се договорат дури и за моделот на изјаснување на дијаспората. Сето тоа што овие опозициски партии ќе го понудат до нас преку еден пречистен текст на закон, ние тоа ќе го прифатиме“,
изјави Стојаноски.
Наша цел е дијаспората на избори да може да се изјасни на помасовен начин и додаде дека нивното барање е заедничко на сите владини коалициски партнери.
„Ние укажавме дека гласањето треба да се регулира со подзаконски акт што ќе биде донесен на Државната изборна комисија до крајот на 30.9.2028 година. Од политичките партии што се од опозицијата бевме информирани дека нема промена на ставовите. Ние како коалиција, заедно со Влен и со ЗНАМ, понудивме еден друг модел што сметаме дека треба да биде прифатен, бидејќи нашата цел е дијаспората да може да се изјасни на помасовен начин од тоа што може сега. (…) Ние имаме секако различни ставови за повеќе прашања, но кога доаѓаме до еден суштински национален интерес, знаеме како тие барања некако да ги инкорпорираме во интерес на коалицијата. Ова барање е заедничко барање и на ЗНАМ и на Влен“,
рече тој.
Стојановски потсети дека нивниот предлог првично бил дијаспората да гласа електронски, но поради различните ставови со опозицијата го смениле во предлог за гласање по пошта.
Потенцира дека не се договориле за никакви рокови до кога опозициските партии треба да дадат одговор на нивното барање.
