Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција, но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака, вели Муцунски
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски даде поддршка на САД по денешните заеднички напади со Израел врз Иран.
„Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток. Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака“,
напиша Муцунски на „Икс“.
Од друга страна, тој ги осуди контра нападите од Иран врз Израел и врз американските бази во регионот.
„Ја потврдуваме нашата целосна солидарност со партнерите во Заливот. Нападите врз земјите од Заливот од страна на Иран се неприфатливи и ризикуваат поширока регионална ескалација“,
вели Муцунски.
Тој потсетува дека нашите амбасади и конзуларни тимови низ целиот регион се активно вклучени и работат на поддршка и помош на нашите граѓани, обезбедувајќи ја целата потребна конзуларна помош.
🇲🇰🇺🇸 We stand with our American allies in confronting destabilizing threats in the Middle East.
— Timco Mucunski (@TimcoMucunski) February 28, 2026
The United States has made clear that diplomacy is always the first option – but deterrence remains essential when credible risks persist.
Security, stability, and accountability go…
САД и Израел во заедничка акција денеска го нападнаа Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека започнале големи борбени операции во Иран и најави целосно уништување на нивната ракетна индустрија. Тој вели дека САД преземаат масовна операција за, како што посочи тој, да спречат оваа радикална диктатура да ја загрози Америка.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, го повикаа иранскиот народ да ја преземе судбината „во свои раце“ и да го срушат режимот во Техеран.
Третата рунда индиректни нуклеарни разговори меѓу Иран и САД се одржа пред два дена во Женева – без никаков пробив. Иран вели дека иако знаеле за намерите на САД и Израел за напад, сепак влегле во преговори за нуклеарната програма за да „демонстрираат нелегитимност на секој изговор за агресија“.
