По катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово, пораки за сочувство и солидарност испратија и Грција и Србија
Сочувство за синоќешната трагедија во Тетово изрази министерот за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев. во порака до шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.
„Тажен сум и скршен од трагедијата со пожарот во ковид-болницата во Тетово, која однесе човечки животи! Нашето најискрено и најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите. Бугарија е солидарна со Северна Македонија во ова тажно време“,
напиша на Твитер шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев, во пораката до својот македонски колега.
Натъжен и покрусен съм от трагедията с пожара в COVID болница в Тетово, отнел човешки животи! Най-искрени и дълбоки съболезнования към семействата и близките на загиналите. България е солидарна с Република Северна Македония в този скръбен момент. @Bujar_O pic.twitter.com/ynFseI6Psh
— Svetlan Stoev (@SvetlanStoev) September 9, 2021
По катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово, пораки за сочувство и солидарност испратија и Грција и Србија.