Епидемијата на коронавирус значајно ќе влијае врз глобалната трговија, предупреди првиот човек на Светската трговска организација (СТО), Роберто Азеведо, предвидувајќи ги првите конкретни показатели во следните недели.
„Последиците во глобалната економија веројатно ќе бидат значајни и ќе почнат да се покажуваат во трговските податоци во следните недели“,
рече Азаведо пред амбасадорите собрани на затворена средба во Женева.

Досега во светот вкупно се потврдени 90 936 случаи, од кои половината (47 995) веќе се излечени.
Најголем број случаи има во Кина (80 151), по што следуваат Јужна Кореја (4 812), Италија (2 036) и Иран (1 501).
Во Јапонија има 274 потврдени случаи, во Франција 191, во Германија 165, во Шпанија 120, во Сингапур 108, во САД 106 и во Хонгконг 100.
Исто така, има регистрирани и случаи во Јужна Америка, Африка и Австралија.
Вкупниот број на починати е 3 117, од 2 936 во Кина. Потоа следуваат Иран (66), Италија (52) и Јужна Кореја (29).
Смртни случаи има и во Јапонија, САД, Франција, Австралија, Филипините, Тајван и Тајланд.