Казната за непочитување на полицискиот час, кој е на сила од 20 часот вечерта до 6 часот наутро, е 135 евра, додека за нарушување на јавниот ред и мир и за вознемирување на соседите е 68 евра
Над 100 000 полицајци ќе бидат распоредени утре на улиците на главниот град на Франција, Париз за да спречат евентуално спонтано собирање за прослава на Нова Година, објави Радио Франс-инфо.
Во Франција во сила е полициски час од 20 до 6 часот наутро, кој треба да се почитува и на 31 декември, изјави денеска министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен.
Градските влати објавија дека годинава поради пандемијата нема да има организиран пречек на познатата авенија „Елисејски полиња“, ниту пак ќе го има традиционалниот огномет.
Наместо тоа, се повикуваат парижаните и сите другите граѓани во Франција да ја дочекаат Новата година во своите домови.
Казната за непочитување на полицискиот час е 135 евра, додека за нарушување на јавниот ред и мир и за вознемирување на соседите е 68 евра.
