Можеме да направиме еден поинаков Велигден, вели директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, која апелира до граѓаните да не се собираат во поголеми групи во домовите за време на празникот. Ако веќе сакаат да го чествуваат празникот со поширокото семејство, вели таа, тоа да го направат на отворен простор.
„Можеме да направиме еден поинаков Велигден со кршење и размена на јајца во природа, за што ќе бидат наклонети и временските услови. Мерките се многу едноставни и се применливи, само треба да се сака да се применуваат“,
апелираше Стевановиќ во гостувањето на Сител ТВ.
Таа зборуваше и за имунизацијата, исто така, апелирајќи дека она што мора да го научиме е дека заедно со процесот на вакцинација, примената на едноставните мерките за заштита се од круцијално значење за спречување на пандемијата.
