Порано денеска пак рускиот претседател Владимир Путин и наредил на руската војска да се откаже од плановите да ја освои челичарницата Азовстал
Украинските вооружени сили и натаму не се предаваат во јужниот град Мариупол, објави американскиот Стејт Департмент.
Оттаму додаваат и дека тврдењата на Владимир Путин дека руските сили го заземале овој град се дезинформација.
„Украинските сили и натаму ги држат своите позиции и постојат ревелантни причини да веруваме дека шоуто кое претседателот Путин и неговиот министер го прават во медиумите е само уште една од низата на дезинформации од нивниот прирачник“,
изјави портпаролот на Стејт Департментот Нед Прајс на брифинг за новинарите.
Претходно и американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е знак прашалник дали руските сили навистина го контролираат Мариупол.
Порано денеска пак рускиот претседател Владимир Путин и наредил на руската војска да се откаже од плановите да ја освои челичарницата Азовстал, каде се наоѓаат преостанатите украински војници во Мариупол.
Наместо тоа, Путин наредил челичарницата да биде целосно блокирана.