Градоначалникот Константин Георгиевски, со огромен ризик и под голем притисок, сепак ги урна објектите кои од година во година стануваа сè поголеми. Тие не само што го сардисаа брегот, не само што го загадуваа езерото, туку ја загрозија и егзистенцијата на угостителите кои ги почитуваат правилата, напиша на ФБ министерката за култура
Ветувањето дека повторно ќе се издаваат концесии за плажите е злосторство во најава кон Охридското Езеро. Планот за управување со Охридскиот регион предвидува издавање на концесии за некои плажи, но само со урбана опрема, а не како објекти, посочува министерката за култура, Ирена Стефоска.
„Како претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, сакам да потсетам дека оние градби на брегот и оние платформи во вода не смеат да му се повторат на Охридското Езеро. Туризмот воопшто не зависи од постоењето на такви објекти, напротив. Одамна не сме го виделе толку чисто најубавото и најстарото езеро во Европа. Градоначалникот Константин Георгиевски, со огромен ризик и под голем притисок сепак ги урна објектите кои од година во година стануваа сè поголеми. Тие не само што го сардисаа брегот, не само што го загадуваа езерото, туку ја загрозија и егзистенцијата на угостителите кои ги почитуваат правилата“,
напиша Стефоска на Фејсбук.
Министерката им се обраќа на охриѓани, потсетувајќи дека со предизборна леснотија се даваат ветувања пто потоа стануваат проблем.
„Охриѓани мои, со предизборна леснотија ни даваат ветувања кои потоа стануваат наша заедничка беља.Затоа, опулете се кој зборвит и уш појке шо зборвит. Да не биде потоа – проштавајте, не знаевме“,
пишува Стефоска.