Васко Стефанов е новиот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) откако досегашниот директор Васко Ковачевски си поднесе оставка од позицијата од лични причини. Стефанов доаѓа на чело на ЕСМ по речиси четири години директорување на Ковачевски со оваа државна компанија
Новоименуваниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов, денеска ја презеде функцијата од досегашниот генерален директор на „Електрани на Северна Македонија“, Васко Ковачевски.

Примопредавањето се одржало во просториите на компанијата, при што Стефанов и Ковачевски си посакале многу успех и ефикасно справување со претстојните предизвици.
„Чест ми е што сум именуван за нов генерален директор на АД ЕСМ. Денес имав продуктивна средба со досегашниот генерален директор Васко Ковачевски. ЕСМ ќе продолжи посветено и транспарентно да се подготвува за следната грејна сезона“,
изјавил новоименуваниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов.
Васко Стефанов е новиот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) откако досегашниот директор Васко Ковачевски си поднесе оставка од позицијата од лични причини. Стефанов доаѓа на чело на ЕСМ по речиси четири години директорување на Ковачевски со оваа државна компанија.
„Надзорниот одбор на АД ЕСМ ја констатираше оставката на Васко Ковачевски од должноста член и претседател на Управен одбор, со назив генерален директор, а за нов член и претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, по препорака на Владата, го избра Васко Стефанов“,
соопштија од АД ЕСМ.
Стефанов претходно бил директор на „Водостопанство“, а до неодамна беше на чело на „Пошта на Северна Македонија“. Од директорското место во Пошта, пак, Стефанов замина бидејќи оваа функција му припадна на новиот партнер во владината коалиција, Алијанса за Албанците.