Според описот на настанот, тој во неговата патна исправа ставил пари и го известил полицискиот службеник при пасошка контрола на излез од државата. Со тоа, како што информираат од полицијата, го сторил делото давање поткуп
Албански државјанин синоќа е приведен на граничниот премин „Блато“ кај Дебар за нудење поткуп, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.

Според описот на настанот, тој во својата патна исправа ставил пари и го известил полицискиот службеник при пасошка контрола на излез од државата. Со тоа, како што информираат од полицијата, го сторил делото давање поткуп.
„Синоќа во 20:25 часот на граничниот премин ‘Блато‘, полициски службеници го лишија од слобода Б. Ц. (33) од Република Албанија поради сомнение дека сторил кривично дело – давање поткуп“,
соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Албанскиот државјанин е задржан во полициската станица во Дебар.
Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
