Властите претходно денеска објавија дека пожарите уништиле околу 5 000 хектари земјиште, од кои околу 3 000 хектари се шума

Пожарите на ридовите околу Ерусалим се ставени под контрола по повеќе од 24 часа, соопшти денеска противпожарната и спасувачка служба.
„Пожарникарите ќе продолжат да гаснат во наредните часови за да спречат понатамошно активирање“,
се додава во соопштението, јави „Тајмс оф Израел“.
Противпожарната служба соопшти дека отворила истрага за причината за пожарот.
Властите претходно денеска објавија дека пожарите уништиле околу 5 000 хектари земјиште, од кои околу 3 000 хектари се шума.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека досега се уапсени 18 лица под сомнение дека предизвикале шумски пожари во предградија на Ерусалим.