САД ќе ги користат базите за „специфична и ограничена одбранбена цел“ за уништување на иранските ракети
My update on the situation in the Middle East. pic.twitter.com/DvsOVcTDMy
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) March 1, 2026
Велика Британија се согласила со барањето на САД да користи британски воени бази за „одбранбени“ напади врз иранските ракетни локации, соопшти премиерот Кир Стармер.
Но, Стармер посочи дека Велика Британија научила лекции од „грешките на Ирак“ и не била вклучена во првичните напади врз Иран и „сега нема да се придружи на офанзивни акции“.
Британскиот премиер дека основата на одлуката за прифаќање на барањето на САД е „колективната самоодбрана“ на сојузниците и заштитата на британските животи, обвинувајќи го Иран дека спроведува „стратегија на изгорена земја“.
САД ќе ги користат базите за „специфична и ограничена одбранбена цел“ за уништување на иранските ракети „на самиот извор“, додаде тој.
