Тој посочува дека наскоро висoкиот претставник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на ЕК, Жозеп Борел, ќе соопшти повеќе информации
Дијалогот на високо ниво помеѓу Косово и Србија што се одржуваше денеска во Охрид со посредство на ЕУ заврши, објави вечерва на Твитер портпаролот за надворешна политика на Европската комисија, Петер Стано.
Тој посочува дека наскоро висoкиот претставник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на ЕК, Жозеп Борел, ќе соопшти повеќе информации.
Kosovo/Serbia: High Level meeting of the ?? facilitated Dialogue in Ohrid is over. @JosepBorrellF will brief about the outcome shortly. Watch ? live on EbS+ https://t.co/pthDGsCzZh
— Peter Stano (@ExtSpoxEU) March 18, 2023
Речиси десет часа траеше втората рунда од заедничката средба на српскиот претседател Александар Вучиќ со косовскиот премиер Албин Курти, на која посредуваат шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Првата рунда од трилатералната средба траеше нешто повеќе од еден час, по што имаше кратка пауза. Втората рунда трае сè уште, а како што објави Радио Слободна Европа повикувајќи се на дипломатски извори, Борел го откажал летот за враќање во Брисел.