„Мерењата ќе се извршат секојдневно 24/7 за да се следи квалитетот на воздухот и навремено информирање на јавноста, која ќе има можност да ги следи податоците во реално време“, информира МЖСПП

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска го посети местото на кое вчера избувна пожар во скопско Трубарево, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Од Министерството велат дека во складиштето поставена е мерна станица што го мери квалитетот на воздухот во реално време.
Како што информира Министерството, Меџити при посетата бил придружуван од директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Дејан Мираковски.
„Посетата има за цел да го потенцира значењето на мониторингот на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина преку меѓуинституционална соработка. Мерењата ќе се извршат секојдневно 24/7 за да се следи квалитетот на воздухот и навремено информирање на јавноста, која ќе има можност да ги следи податоците во реално време“,
соопшти Министерството.