Четиригодишното девојче, кое вчера околу 19 часот беше тешко повредено од куче во белградската населба Сремчица, е оперирано и е во стабилна состојба, изјавуваат лекарите
Родителите го донеле девојчето на Универзитетската детска клиника во „Тиршова“ со сериозни повреди на стомакот предизвикани од напад на куче.

„Детето е итно оперирано, зафатот траеше три часа. Моментно девојчето е во стабилна и добра општа состојба. Најголем проблем беа раните во пределот на стомакот, дел од цревата беа излезени надвор. Сè тоа беше санирано. Девојчето е сега на Одделот за интензивна нега“,
изјави докторката Зорана Станковиќ.
Родителите кои со автомобил итно го донеле детето во клиниката биле во постојан контакт со лекарите кои ги советувале како да го запрат обилното крвавење.
„Станува збор за многу брутален напад на четиригодишно дете. Забите на кучето го пробиле абдоминалниот ѕид и делови од внатрешноста беа излезени надвор“,
изјави Александар Стијачиќ, доктор од Итната помош.