Поради тоа што Сојузот на синдикати води сметка и во услови на генерален штрајк да бидат запазени правилата, со цел вршење на работите што се неопходни заради спречување на загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните, како што додаваат оттаму, на денешната седница Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ утврдува правила за производно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк
Во пресрет на генералниот штрајк на јавниот сектор кој беше најавен од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) дека ќе се одржи на 22 јуни, оттаму соопштија дека согласно правилата за генерален штрајк, ќе бидат обезбедени расположиви капацитети од 10 проценти од вработените во сектор.
„За жал, до денеска кога се одржа седница на Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ иако има законска обврска, работодавачот согласно Законот за работни односи нема доставено предлог за заедно со синдикатот спогодбено да се подготват и донесат правила за производно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк“,
наведува ССМ во соопштението.
Поради тоа што Сојузот на синдикати води сметка и во услови на генерален штрајк да бидат запазени правилата со цел вршење на работите кои се неопходни заради спречување на загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните, како што додаваат оттаму, на денешната седница Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ утврдува правила за производно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк.
Минимум од процесот на работа за овозможување обновување на работата по завршување на штрајкот (производно одржувачки работи), односно со цел за вршење на работите кои се неопходно потребни заради спречување на загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните (нужни работи) се:
- За извршување на административно технички работи со расположлив капацитет од 10 проценти од вработените во јавен сектор;
- Заради спречување на загрозување на животот со 10 проценти од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со механизацијата и основните средства;
- Заради спречување на загрозување на личната сигурност со 10 проценти од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со механизацијата и основните средства;
- Заради спречување на загрозување на здравјето на граѓаните со 10 проценти од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со основни средства минимум непречено извршување на функциите за да не се попречуваат итните постапки.
„Правилата за работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк се однесуваат за цел јавен сектор, а вработените во јавниот сектор да се придржуваат кон вака утврдените правила. Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ е во постојано заседавање и за сите промени навремено ќе информира“,
велат од ССМ.
Од Сојузот на синдикати најавија дека вработените во јавниот сектор покрај тоа што ќе штрајкуваат со прекин на работниот процес на своите работни места во работно време, видливо од 10 до 11 часот ќе застанат и надвор пред просториите на работодавачот.
Генералниот штрајк на ССМ, како што соопштија претходно, се организира во насока на остварување на нивните барања за склучување општ колективен договор, со кој вработените од јавниот сектор би добиле зголемување на платите за 2 806 денари во нето износ, согласно покачувањето на минималецот.