Берсе изрази загриженост за насилството на протестите и повика на смиреност
Српските власти мора да ги почитуваат европските стандарди – владеење на правото и човековите права мора да се почитуваат, порача генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе. Тој изрази загриженост за насилството за време на протестите во Србија изминативе денови и повика на почитување на правото на мирен собир.
„Загрижен сум по втората ноќ насилни протести во Србија, со десетици повредени. Повикувам на смиреност и почитување на правото на мирно собирање. Српската влада мора да ги почитува стандардите на Советот на Европа. Владеењето на правото и почитувањето на човековите права мора да преовладаат“,
порача Берсе.
Concerned by the second night of violent protests in Serbia, with dozens injured. I call for calm and respect of the right to peaceful assembly. Serbian authorities must uphold Council of Europe standards. The rule of law and respect for human rights must prevail.@MFASerbia
— Alain Berset (@alain_berset) August 15, 2025
Протестите во Србија се одржуваат во повеќе од 20 градови, а во последните два дена ситуацијата ескалира со десетици повредени граѓани и полицајци.
Најмногу инциденти имаше во Белград и во Нови Сад. Вчера демонстрантите се судрија со полицијата и поддржувачите на СНС, а полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.
Во Нови Сад граѓаните кои протестираа, демолираа неколку канцеларии на Српската напредна партија. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави масовни апсења поради немирите.