Во овој момент се работи на транспорт на керозин за српските хеликоптери да можар да полнат гориво во штипската казарна, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
„Транспортот на керозин е малку посложен процес затоа што се работи за исклучително лесно запалива течност. Намерата е овој кирозин денеска да биде сместен во касарната во Штип каде што ќе биде на безбедно и српските хеликоптери кои имаат помал резервоар да полнат гориво во штипската касарна за да ја зголемиме нивната ефикасност“,
рече Ангелов.
Тој на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање посочи дека доколку во текот на денот дојде до потреба овие хеликоптери да бидат ангажирани на друго место, ќе има можност и цистерната да се однесе таму.
Како што рече директорот на ЦУК намерата е да се скрати времето на полнење на гориво и со тоа да се зголеми ефикасноста на хеликоптерите во гаснењето пожари.