Генералниот директор на „Телеком Србија“ Владимир Лучиќ обелодени дека компанијата која ја предводи го шири својот бизнис во С Македониа. Во изјава за Танјуг, Лучиќ вели дека денеска почнало оснивањето на фирма на „Телеком Србија“ во С Македонија. На македонскиот пазар тие ќе настапуваат под името „Мтел“.

Лучиќ нагласува дека „Мтел“ ќе стартува со работа за еден месец и на почетокот во понудата ќе биде вклучена само сателитиската телевизија, а до крајот на годината на потенцијалните корисници ќе им биде овозможена и мобилна телефонија и оптички интернет.

„За нас се многу важни одлуките кои беа донесени на Економскиот форум во Скопје. Ние сме компанија која сака да биде лидер во регионот и имаме план освен во С Македонија да се прошириме и на пазарот во Албанија“.
вели Лучиќ во изјавата за Танјуг.