Ова не е прво приведување на Раста. За слични дела бил апсен и во Србија

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ-Раста синоќа на полноќ е уапсен во Охрид, откако полицијата го фатила како консумира марихуана пред настап.
Раста требало да настапи по светски познатата ѕвезда Џејсон Деруло на стадионот „Билјанини извори“, но наместо на бина, завршил во полициска станица.
„На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С. Ѓ. (36) од Белград, Република Србија кај кого, при извршен преглед, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“,
соопшти СВР Охрид.
Ова не е прво приведување на Раста. За слични дела бил апсен и во Србија.