Ова го соопшти потпретседателот на српската Влада и министер за финансии Синиша Мали, кој додаде дека Вучиќ се чувствува подобро и оти ќе биде потребно да одмара неколку денови
Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево ја напуштил Воено-медицинската Академија (ВМА) откако претходно беше итно примен откако ненадејно му се слошило при посетата на Соединетите Американски Држави. Првиот потпретседател на српската Влада и министер за финансии, Синиша Мали изјави дека Вучиќ бил подобар, но и оти му било препорачан неколкудневен одмор.
„Тој е силен човек, тоа е важно за граѓаните на Србија, ми рече дека е подобро. Еден ден, два, три му беше наредено да лежи, да се одмора, што е проблем само по себе, како што знаете, но овој пат ќе биде дисциплиниран. И се надевам на негово брзо закрепнување“
кажа Мали.
Дека српскиот претседател Вучиќ е во стабилна и задоволителна состојба, претходно соопшти и началникот на Управата за воено здравство, кардиологот д-р Драган Динчиќ. Зборувајќи за причините поради кои Вучиќ се вратил од САД и здравствените тегоби што ги почувствувал, д-р Динкиќ вели дека тој имал силна градна болка која траела неколку секунди што, пак, не се усогласува со сведоштвата на другите присутни кои биле во истата просторија со него.
„Испил дополнителна терапија и по 45 минути, кога го измерил крвниот притисок, тој бил 165 со 98, што значи дека пред терапијата притисокот бил повисок. Лекарите од Америка направиле сè и тој решил да се врати во земјата и покрај противењето на лекарите“,
рече д-р Динчиќ.
Тој рече и дека во последните десет години, откако тој го лекува претседателот, Вучиќ во три наврати имал тегоби поради висок притисок, но никогаш како последнава епизода.
Во моментот кога му се влошила здравствената состојба, Вучиќ се подготвувал за следните средби во САД, пишува Радио-телевизија Србија (РТС).
Претходно началникот на управата за воено здравство, кардиологот Драган Динчиќ изјави дека здравствената состојба на Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна и дека не е реално да се врати на редовните активности во следните неколку дена.
Тој рече дека за време на престојот во САД, претседателот Вучиќ почувствувал силна болка во градите што траела неколку секунди, и дека тоа не се согласувало со сведоштвото на другите кои биле во истата просторија со него.
„Испил дополнителна терапија и по 45 минути, кога го измерил крвниот притисок, тој бил 165 со 98, што значи дека пред терапијата, притисокот бил повисок. Лекарите од Америка направиле сè и тој решил да се врати во земјата и покрај противењето на лекарите“, додаде Динчиќ.