Порфириј ги посети и храмот „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, Галеријата на икони, како и други цркви и културно историски споменици
Српскиот патријарх Порфириј во својата посета на Струга и Охрид, на покана на архиепископот на Македонската православна црква г.г Стефан, порача дека тоа било можност да им се поклонат на православните христијански светилишта и да видат што православните христијани пред многу векови го сметале најважно во својот живот.

„Гледајќи ги светилиштата во Охридско-струшкиот регион, сфативме дека на луѓето тука најважно од се им било да ја чуваат својата православна христијанска вера, но не само да ја чуваат туку и да живеат со православната вера, по евангелието“,
истакна Порфириј.
Порфириј ги посети и храмот „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, Галеријата на икони, како и други цркви и културно историски споменици.

„И ништо друго да немаме туку тоа искуство кога посетуваме вакви светилишта имаме јасна порака за нас. Денеска ние луѓето кои живееме во овие времиња изложени сме на различни предизвици. Тие предизвици често нудат некои нови вредности и нови погледи на светот. Нормално црквата секогаш е современа, не припаѓа само на минатото, дури ни на сегашноста, па ни само на иднината таа и припаѓа на вечноста и во таа смисла е безвременска. Се труди да биде секогаш актуелна, да ги дели сите проблеми сите искушенија сите неволји, но и сите радости со кои се соочува секој човек живеејќи во ова време“,
изјави Порфириј.
Делегацијата на Српската православна црква предводена од патријархот Порфириј беше пречекана вчера во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта, каде што во нивна чест беше отслужено доксологија.