„Зборуваше за тоа како нас ќе нè набие на колец. Кога велам нас, мислам на нас од СНС, како што тој се изрази. Ми пријде од зад грб. Кога се свртев за да разговарам со него, тој ме удри и, нормално, побегна“, изјави Селаковиќ за РТС

Српскиот министер за култура Никола Селаковиќ за РТС изјави дека се чувствува добро по синоќешниот напад во Белград кога, според него, непознато лице го удрило во пределот на главата и побегнало. На физичкиот напад му претходеле пцости и навреди упатени кон него.
„Непознато лице, човек што никогаш не сум го видел, ме нападна од зад грб. Одев од станот во кој живеам со моето семејство, да ги посетам родителите. Тоа се случи околу 25 минути пред 22 часот навечер“,
рече Селаковиќ.
Тој додаде дека човекот од зад грб му довикувал и пцуел.
„Зборуваше за тоа како нас ќе нè набие на колец. Кога велам нас, мислам на нас од СНС, како што тој се изрази. Ми пријде од зад грб. Кога се свртев за да разговарам со него, тој ме удри и, нормално, побегна“,
додаде тој.
Ме удри во главата, на левата страна од носот, вели Селаковиќ додавајќи дека бил расечен во пределот на левата слепоочница и дека при ударот му паднале очилата. Тој рече дека бил на лекар и дека случајот го пријавил во полиција.
Додаде дека настанала атмосфера во која, како што вели, има медиуми кои се занимаваат со омраза и го посочи примерот на медиум кој синоќа објавил дека тој се степал за паркинг место во населбата Врачар, а тој, како што изјави, нема ни возачка дозвола.
„Некој распространи приказна дека сум се скарал со некого за паркинг-место на Врачар. Јас не возам. Немам возачка дозвола. Кога не можат да смислат ништо друго, смислуваат работи кои ним им се блиски. Значи, тие што се тепаат за паркинг-места, тие кажуваат вакви работи. Тие што ни кажуваат, токму на тие медиуми, дека се загрозени, дека се во неволја, дека се жртви. Тие тепаат. Тие вознемируваат, го прават најлошиот можен хаос во највисокиот претставнички дом на нашата држава, односно во народното собрание“,
рече Селаковиќ.