Од епидемијата на новиот коронавирус во Србија досега се починати 13 здравствени работници, изјави за порталот Нова.рс, претседателот на Синдикатот на лекари и фармацевти, Раде Паниќ.
Дополнително, починат е уште еден пензиониран лекар.
„Што се однесува до бројот на заразени здравствени работници, немаме никаква можност да ја видиме евиденцијата. Последно што го имам слушнато е за бројка од околу 650. Што се однесува за бројот на починати лекари, има 14 потврдени: 12 лекари и еден стоматолог со активен работен однос, како и еден кој бил пензионер и штитеник на дом за стари лица“,
изјавил Паниќ.
Тој нагласува дека тие 13 се сигурни, но и дека се убедени оти има повеќе што не успеале да ги евидентираат.
Паниќ прецизирал дека во овие статистики се исклучиво лекари и еден стоматолог, додека нивниот синдикат нема податоци за медицинските сестри.