Според пишувањата на српски Н1, кој се повикува на информации од Кремљ, претседателот Вучиќ в петок, на 9 мај, треба да сретне со својот руски колега Владимир Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ отпатувал за Москва каде што е планирано да присуствува на парадата на победата на Црвениот плоштад, пренесуваат српски медиуми.
Засега, како што се додава, нема потврда од кабинетот на Вучиќ.
Според пишувањата на српски Н1, кој се повикува на информации од Кремљ, српскиот претседател в петок, на 9 мај, треба да сретне со својот руски колега Владимир Путин.
Пред да замине за Москва, Вучиќ денеска се сретнал со рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан Харченко.
Откако во саботата на Вучиќ ненадејно му се слоши при посетата на Соединетите Американски Држави (САД), по што итно беше вратен во Србија и примен на Воено-медицинската Академија (ВМА), најавите беа дека тој од денеска ќе им се врати на работните обврски.
Најавите во српските медиуми беа дека Вучиќ денеска ќе има средби со рускиот и британскиот амбасадор во Србија и оти вечерва се очекува да има обраќање пред граѓаните.
По враќањето на Вучиќ од САД, пред два дена руските медиуми шпекулираа дека можеби бил затруен за да биде спречен да патува за Москва.
Ваквите шпекулации се однесуваа и на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој покрај Вучиќ и претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко најави учество на овој настан.
Фицо изврши измени во неговиот распоред на активности за оваа недела, при што ја откажа и најавената посета на Велика Британија, без да бидат дадени причини за промените.
На 9 мај, Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и низа други настани.
Се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.