Осомничениот, според Обвинителството, бил фатен од царинските службеници на граничниот премин „Табановце“ на македонско-српската граница, а дрогата што се обидел да ја прошверцува е пронајдена во 14 торби сокриени во камион на превозна компанија од Словенија
Кумановското Основното јавно обвинителство донело наредба за отворање истрага против државјанин на Србија, кој е осомничен дека завчера се обидел да прошверцува околу 130 килограми марихуана.

Тој, како што информираа утрово од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, се товари за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, според Обвинителството, бил фатен од царинските службеници на граничниот премин „Табановце“ на македонско-српската граница, а дрогата што се обидел да ја прошверцува е пронајдена во 14 торби сокриени во камион на превозна компанија од Словенија.
„На 29 октомври, на граничниот премин ‘Табановце’, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој се обидел да пренесе 129,7 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата во 14 торби скриени во камионот во сопственост на превозна компанија од Словенија, ги пронашле царинските службеници при контрола на возилото“,
се наведува во соопштението од Обвинителството.
Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка во кумановскиот Основен суд доставил предлог на осомничениот да му определена мерка притвор.
