Зголемување на буџетот во високото образование за 20 отсто е едно од барањата на студентите во Србија, кои протестираат и ги блокираат факултетите ширум земјата по несреќата на Железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 15 лица
Владата на Србија денеска објави дека усвоила резолуција со која се обезбедуваат средства во износ од 12,1 милијарди динари за високото образование и студентскиот стандард.
Со ова, како што посочуваат оттаму, се исполнува четвртото барање на студентите.

„На овој начин, буџетот за високото образование и студентскиот стандард се зголемува за 20 проценти, со што се исполнува четвртото барање на студентските пленуми“,
се вели во соопштението објавено по седницата на владата на Србија.
Надлежните претходно објавија дека се обезбедени пари за ова покачување.
Зголемување на буџетот во високото образование за 20 отсто е едно од барањата на студентите во Србија, кои протестираат и ги блокираат факултетите ширум земјата по несреќата во Нови Сад, во која, по пад на натстрешницата на Железничката станица загинаа 15 лица.
Студентите бараат политичка и кривична одговорност за несреќата во Нови Сад, казни за напаѓачите на студентите на протестите, ослободување на уапсените активисти и запирање на кривичните постапки против нив.
Владините претставници тврдат дека се исполнети сите барања, повикувајќи ги да се вратат на факултетите. Студентите, пак, велат дека барањата не се исполнети и оти продолжуваат со блокади на факултетите.
Студентите блокираат повеќе од 60 факултети во Србија.
