На претседателот Трамп ќе му се придружат државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф
Средбата во формат „еден на еден“, што беше планирана меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател Владимир Путин, ќе вклучува и советници на двајцата претседатели, пренесува Си-ен-ен, повикувајќи се на информации од Белата куќа.
За билатералниот дел од разговорите, како што се наведува, на претседателот Трамп ќе му се придружат државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф .
Според првичните информации, лидерите требаше да се сретнат еден на еден, но нема детали зошто тие планови се променија.

По билатералниот дел од самитот, делегациите ќе се сретнат на ручек. Се очекува да се приклучат и Рубио, Виткоф, секретарот за финансии Скот Бесент, секретарот за трговија Хауард Лутник, секретарот за одбрана Пит Хегсет и началникот на кабинетот Сузи Вајлс.