Оттаму посочија дека Албанците бараат одговор која е вистинската причина за средбите меѓу Бујар Османи и Никола Груевски во Будимпешта
Средбата меѓу првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и поранешниот српски вицепремиер Александар Вулин е вистинита исто колку и можноста поранешниот прв вицепремиер од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) да биде тргнат од „црната листа“ на Соединетите американски држави (САД) пред локалните избори. Ова е вечерашната реакција од коалицијата ВЛЕН откако денеска ДУИ информираше дека во февруари годинава се случила средба меѓу Меџити и Вулин во Куманово, на која била разгледувана и координирана значајна српска инвестиција во „Битолска банка“.

„Потсетуваме на две неспорни вистини. Прво, Бујар Османи имал средба со бегалецот Никола Груевски. Познати се и местото и времето на таа средба, како и темата на разговор. Второ, нападите што деновите ги упатуваат кон ВЛЕН и кон нашите лидери се лага и паника, бидејќи очекуваа дека нивната соработка со Груевски и Мијалков ќе остане тајна без докази“,
се вели во реакцијата од ВЛЕН.
Оттаму посочија дека Албанците бараат одговор која е вистинската причина за средбите меѓу Бујар Османи и Никола Груевски во Будимпешта.
„Има две опции. Првата дека Бујар му ветил деека ќе го врати во Македонија и втората дека Бујар му барал помош и му реекол дека ако побееди во Чаир ќе го симне Али Ахмети од тронот во ДУИ“,
се вели во партиското соопштеение.
Според ВЛЕН, Османи е човек што со години го одржуваше системот на Али Ахмети, кој беше министер на Груевски и кој им овозможи на Груевски и Мијалков да ја контролираат државата и да изградат финансиска имеприја.
„Бујар Османи не може да избега од одговорност. Има избор, да ја признае вината и да се повлече од политиката или засекогаш да остане запомнет како човек што свеесно соработувал со најголемите штетници за државата и Албанците“,
пишуваат од коалицијата.
Од владејачката ВЛЕН изминатиот приод постојано бараат од Османи да признае дека имал средба со поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а сега бегалец во Унгарија, Никола Груевски.
Во една од реакциите посочуваат и дека тој индиректно признал дека имал средби со Груевски во Будимпешта.
Во една од изјавите Османи вели дека средбите на министрите за надворешни работи се класифицирани информации и по закон не можат да се откријат.
Сепак, пред два дена изјави оти јасно и гласно кажал дека таква средба немало.
Oд Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска прашаа дали во февруари 2025 година во кабинетот на градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, а во присуство на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, се одржала средба меѓу првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и поранешниот српски вицепремиер Александар Вулин.
На средбата, како што посочија од партијата, била разгледувана и координирана значајна српска инвестиција во „Битолска банка“.