Фон дер Лајен на прес-конференцијата оцени дека Србија е една од најнапредните земји на патот кон членство во ЕУ и дека „сакаме да продолжите со чекорите, да ни се приближите, вклучително и со надворешната политика, бидејќи ЕУ сака да смета на Србија како сигурен европски партнер кој споделува заеднички принципи и вредности“
Српскиот претседател Александар Вучиќ по денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, призна дека Србија на патот за членство во ЕУ има две пречки – прашањето за признавањето на Косово и воведувањето санкции на Русија, пренесува Радио телевизија Србија (РТС).

„Во секој случај, тоа се два големи проблеми. Се разбира, останува и понатаму да се спроведуваат реформи во самиот демократски систем, во правосудниот систем на нашта земја, уште многу треба да се направи, но ако смеам да забележам, двете најголеми пречки за нас во овој момент се Косово и Метохија и санкцијата на Русија“,
изјави Вучиќ.
Српскиот претседател истакна дека ЕУ е најважен економски партнер кој значи живот за граѓаните на Србија, со размена годинава од 36 милијарди евра, како и дека најголемите инвеститори доаѓаат од ЕУ.
Фон дер Лајен на прес-конференцијата оцени дека Србија е една од најнапредните земји на патот кон членство во ЕУ и дека „сакаме да продолжите со чекорите, да ни се приближите, вклучително и со надворешната политика, бидејќи ЕУ сака да смета на Србија како сигурен европски партнер кој споделува заеднички принципи и вредности“.
Таа посочи на инвестицискиот план за Западен Балкан од 30 милијарди евра и на новит План за раст кој вклучува пакет од шест милијарди евра за стопанството на Балканот, кој ќе ги поттикне економиите, ќе создаде работни места и ќе ги поддржи на нивниот пат кон ЕУ и дека секоја земја мора да ги сработи своите „домашни задачи“ за да го искористи ова.
Во поглед на нормализирањео на однсоите со Косово, што е услов на Србија за членство во ЕУ, Фор ден Лајен посочи дека „насилните напади на 24 септември во Бањска се целосно неприфатливи“.
„Сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата, важно е Србија да го поддржи статутот на Заедницата на српските општини, додека Косово треба да го спроведе тој статут. Покрај тоа, Србија мора да почне да ги спроведува постоечките договори и да не губи време на тоа“,
изјави таа.
Таа на новинарско прашање за барањето на ЕУ за де факто признавањето на Косово, одговори дека спроведувањето на Охридскиот договор е де факто признавање на Косово.
„За што се работи? Станува збор за имплементација на Охридскиот договор. Тој предвидува различни чекори кои вклучуваат признавање на документи и институции од страна на Србија, а со тоа и формирање на ЗСО. Ова треба да го спроведе Косово и тоа ќе го отвори патот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово – што е неопходен предуслов за европскиот пат“,
кажа таа.
Нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово е неопходен предуслов за европскиот пат на двете земји, додаде претседателката на Европската комисија.