Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, денеска оствари средба со пратеникот Васил Стерјовски од албанскиот парламент на која се разгледани можностите за помош на Македонците во Голо Брдо и Преспа. Стерјовски е пратеник во Собранието на Република Албанија и претседател на политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција од Република Албанија.
„На средбата е разговарано за начинот на кој се справуваат со здравствено-економската криза Македонците кои живеат во Голо Брдо и Мала Преспа. Разгледани се можности како Република Северна Македонија би можела да им помогне на социјално загрозените семејства во Голо Брдо и Мала Преспа, во справувањето со последиците од пандемијата“,
информираат од владината прес-служба.
На состанокот било разговарано и за подигнувањето на квалитетот на живот на Македонците во Република Албанија, преку проекти за подобрување на комуналната инфраструктура во местата во коишто живеат.
